ДОГОВОРОТ ЕУ- МЕРКОСУР СТАВЕН ВО МИРУВАЊЕ Судот на правдата ќе го оценува неговиот текст

Европската унија и земјите од јужноамериканскиот трговски блок потпишаа во саботата во главниот град на Парагвај, Асунсион, историски договор за слободна трговија, кој опфаќа 700 милиони граѓани.

0

Европратениците го поддржаа предлогот Судот на правдата на ЕУ да даде мислење за тоа дали трговскиот договор на ЕУ со Меркосур е компатибилен со европските договори.

Tоа значи дека нема да има гласање за потврда на договорот во Европскиот парламент сè додека Судот на ЕУ не го даде своето мислење, а тоа може да потрае и до две години.






Европската унија и земјите од јужноамериканскиот трговски блок потпишаа во саботата во главниот град на Парагвај, Асунсион, историски договор за слободна трговија, кој опфаќа 700 милиони граѓани. Пред потпишувањето, земјите-членки на ЕУ го поддржаа договорот.

Франција, Полска, Австрија, Ирска и Унгарија гласаа против.

Комисијата истакнува дека договорот ќе отвори невиден пристап до пазарот на Меркосур за европските земјоделци. Се очекува договорот да го зголеми извозот на земјоделско-прехранбени производи од ЕУ во Меркосур до 50% со намалување на царините за клучните земјоделско-прехранбени производи од ЕУ, како што се виното, жестоките пијалaци, млечните производи и маслиновото масло, и со заштита на 344-те географски ознаки на ЕУ, традиционални прехранбени производи и пијалaци со висока вредност, од нелојална конкуренција и имитација.

Шефицата на европската дипломатија Каја Калас во Европскиот парламент го бранеше неодамна потпишаниот трговски договор со Меркосур, опишувајќи го како „геостратешка одлука“.

– Во моментот кога некои сојузници се откажуваат од Европа, Европа бара нови сојузници – рече Калас во зградата на Европскиот парламент во Стразбур, пред која се одржа голем протест на главно француски и други земјоделци од Европа против трговскиот договор со Меркосур.

Поврзани содржини