ДОГОВОР ТЕЖОК 100 МИЛИОНИ ЕВРА Роберто Манчини е нов селектор на Саудиска Арабија

Манчини годишно ќе заработува 25 милиони евра како саудиски селектор, со Саудиска Арабија потпиша четиригодишен договор

317

Се зголемува европската фудбалска колонија во Саудиска Арабија. Трофејниот италијански тренер Роберто Манчини е нов селектор на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, објави синоќа фудбалската федерација на оваа земја (САФФ).

Манчини пред две недели поднесе оставка на клупата на актуелниот европски првак Италија, а со Саудиска Арабија потпиша договор на четири години.






Неговото деби на клупата на Саудиска Арабија ќе биде на 8 септември на пријателскиот натпревар против Костарика.

-Испишав историја во Европа, сега е време да направам историја со Саудиска Арабија – изјави Манчини.

Италијанскиот стратег денеска треба официјално да биде промовиран на новата функција, на прес – конференција организирана од фудбалската федерација на Саудиска Арабија.

Италијанските медиуми објавија дека Манчини годишно ќе заработува 25 милиони евра како саудиски селектор.

Поврзани содржини