ДОГОВОР ИЛИ НОВА СТУДЕНА ВОЈНА Русија и САД ќе формираат советодавно тело за безбедносни прашања

Рускиот претседател изајви дека неговата земја во рок од само неколку дена ќе ги подготви своите предлози, а за една недела ќе ги достави на разгледување до американската страна.

186

Официјална Москва за неколку дена ќе ги изработи своите предлози за безбедносните прашања, а потоа ќе им ги предаде на САД, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Путин во видео разговорот со американскиот претседател Џо Бајден, во вторникот, кажа дека допреле безбедносни прашања.






– Тоа е тема за друг разговор. Се договоривме да ја продолжиме оваа дискусија и дека тоа ќе го направиме на содржаен начин, дека во иднина ќе ги размениме нашите размислувања за тоа прашање – рече Путин на прес-конференција, пренесе Тасс.

Рускиот претседател прецизираше дека неговата земја во рок од само неколку дена ќе ги подготви своите предлози, а за една недела ќе ги достави на разгледување до американската страна.

– Се договоривме дека ќе се формира соодветно тело кое професионално ќе се занимава со ова – рече рускиот претседател.

Претходно Путин оцени дека проширувањето на НАТО на исток, кое ја вклучува Украина во Алијансата, е многу чувствително прашање за руската безбедност.

Рускиот и американскиот претседател во вторникот ја имаа втората средба, овој пат, двочасовен видео разговор, на кој станало збор за Украина и другите спорови во американско-руските односи.

Поврзани содржини