ДОДИК ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНУВА Административната граница меѓу БиХ и Република Српска ќе стане национална

Во следната фаза ќе бидеме принудени да прогласиме целосна независност на Република Српска поради нивната реакција -  рече Додик.

1,175

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека не се плаши од предупредувањето на САД дека ќе реагираат во случај некој да се обиде да го прекрши Дејтонскиот договор и дека „административната граница меѓу Република Српска и Федерацијата БиХ ќе се претвори во национална граница“.

– Не сум ирационален и знам дека американскиот одговор ќе биде употреба на сила, но немам причина да се плашам од тоа и да ги жртвувам националните интереси на Србите поради таа причина – рече Додик во интервју за АП.






Тој изјави дека секој обид да се искористи меѓународната интервенција за дополнително зајакнување на мултиетничките институции на Босна и Херцеговина ќе биде пресретнат со одлука на Србите целосно да ги напуштат.

-Бидејќи тоа нема да биде прифатливо за западните демократии, во следната фаза ќе бидеме принудени да прогласиме целосна независност на Република Српска поради нивната реакција –  рече Додик.
Претседателот на Република Српска посочува дека за Србите е дефинитивно јасно дека наредните години и децении ќе бидат период на национално обединување.

– Брисел го користи ветувањето за влез во ЕУ како алатка за обединување на Босна и Херцеговина. Во принцип, нашата политика сè уште е дека сакаме пристап во ЕУ, но веќе не го гледаме како наша единствена алтернатива – рече Додик.

Тој посочи дека ЕУ „докажа“ дека е способна да работи против сопствените интереси со тоа што застана на страната на Вашингтон и против Москва во врска со настаните во Украина.

– На САД и на Велика Британија може да не им се допаѓа, но ние административната граница меѓу двата ентитета ќе ја претвориме во наша национална граница – рече Додик.

Помошникот американски државен секретар Џејмс О’Брајан во петокот изјави дека САД цврсто се на ставот дека нема да има отцепување во Босна и Херцеговина и дека Америка ќе реагира во случај „некој да се обиде да го прекрши Дејтонскиот договор“.

Поврзани содржини