Додик бара укинување на вонредната состојба во Република Српска

Верувам дека вонредната состојба ќе биде укината и оти животот ќе се врати во нормала - изјави Додик.

272

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека извршниот комитет на неговата партија побарал од Владата на Република Српска да разгледа укинување на вонредната состојба и тоа да биде направено до 20 мај.

– Верувам дека вонредната состојба ќе биде укината и оти животот ќе се врати во нормала – изјави Додик.






Тој оцени дека за време на вонредната состојба се работело добро и одговорно и информираше дека по укинувањето на вонредната состојба ќе биде укинат и полицискиот час.

Поврзани содржини