ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ „МАЖ НА ГОДИНАТА 2021“ Носители д-р Сашо Јовев и евроамбасадорот Дејвид Гир
Наградата се доделува во 13 категории, а жири комисијата ја сочинуваат членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти.
Сашко Јовев, кардиохирургот кој го водеше тимот кој ја изврши првата трансплантација на срце во земјава е избран за Маж на годината за 2021 година, на официјалниот избор на Џентлмен магазин. За Маж странец е прогласен Дејвид Гир, амбасадор и шеф на Делегацијата на ЕУ во Скопје.
На гала вечерта која се одржа во DoubleTree by Hilton Skopje, присуствуваа голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката и од јавниот живот.
Наградата се доделува во 13 категории, а жири комисијата ја сочинуваат членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти.
Во категоријата Менаџер на годината за 2021 наградата ја доби генералниот директор на Нептун, Горан Цетинов, наградата за Млад менаџер отиде во рацете на Игор Милановиќ, менаџер за продажба на Huawei во земјава, а наградата за Менаџер на годината до 40 години ја понесе извршниот директор на дигиталната агенција Кара5, Војдан Карапетковски.
Маж со најголем придонес во културата беше избран актерот, продуцентот и директор на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски.
Маж со најголем придонес во спортот наградата ја доби Муамед Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија.
Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби доктор Злате Мехмедовиќ, претседател на Македонското здружение на медицина на трудот, додека еден од најпознатиот македонски музички новинар и водител, а воедно и еден од најпрепознатливите гласови, господинот Драган Б. Костиќ, се закити со наградата Маж со трајни вредности.
Наградата за Маж во избор на социјални медиуми отиде кај Борче Стаменов, наградата за Хедонист на годината отиде во рацете на Ламбро Патче, менаџерот за односи со јавноста и комуникации на Пивара Скопје АД, додека специјалната награда Маж во избор на организаторите отиде кај Дејан Георгиевски.