ДОДЕЛЕНИ 14 СТИПЕНДИИ ЗА ИДНИ ФАРМАЦЕВТИ Зегин и Фондацијата „д-р Верица Маханџиска“ со поддршка за студентите на УКИМ

Фондацијата „д-р Верица Маханџиска“ и компанијата „Зегин“ продолжуваат со поддршка на образованието и развојот на фармацевтската професија во Македонија.

55

Фондацијата „д-р Верица Маханџиска“ и фармацевтската компанија „Зегин“ доделија 14 стипендии на студенти запишани во прв и втор интегриран циклус на студии на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со цел поддршка и охрабрување на идните фармацевтски кадри.

Стипендиите се насочени кон студентите кои покажуваат посветеност и потенцијал во фармацевтските науки – професија која има клучна улога во здравствениот систем, од безбедна примена на лековите до директна грижа за пациентите.






– Оваа соработка е резултат на заедничка визија во која образованието и знаењето на младите кадри се темел на развојот на фармацевтската професија и здравствениот систем во нашата држава – изјави Христина Маханџиска Георгиевска, една од сопственичките на компанијата „Зегин“.

Таа нагласи дека преку овие стипендии се инвестира во млади луѓе кои покажуваат одговорност и искрена желба за напредок, додавајќи дека активноста се реализира преку Фондацијата „д-р Верица Маханџиска“, која е посветена на мотивирање на општествениот развој преку поддршка на човечкиот капитал.

Поддршката за студентите ја поздрави и деканот на Фармацевтскиот факултет, проф. д-р Зоран Стерјев, кој истакна дека ваквите иницијативи им овозможуваат на студентите целосно да се посветат на учењето и развојот на стручните вештини.

– Со отстранување на финансиските бариери, студентите добиваат реална можност да постигнат подобри академски резултати и да се подготват за активна улога во развојот на општеството – нагласи Стерјев.

Иницијативата уште еднаш ги потврдува континуираните напори на Фондацијата „д-р Верица Маханџиска“ и компанијата „Зегин“ за вложување во образованието, еднаквите можности и долгорочниот развој на здравствениот сектор во земјава.

Поврзани содржини