ДОДЕКА СМЕ ЖИВИ НИЕ СМЕ РОДИТЕЛИ, А НЕ СТАРАТЕЛИ Родителите на децата со попречености доаѓаат по своите права

„Доста ни е од тоа на секој 3-ти декември да доаѓате, да им донесете по едно пакетче и да се сликате со нас и со нашите деца, а потоа да не заборавите. Затоа, овој 3 декември ние доаѓаме кај вас“, ѝ порачуваат на Владата од новата граѓанска иницијатива на родители на деца со попречености „Време е!“

652

Родителите на деца и возрасни лица со попречености се подготвуваат на 3 декември, меѓународниот ден на лицата со попречености, да појдат пред Влада и да си ги побараат своите права.

За таа цел тие се здружија во граѓанската иницијатива „Време е“.






„Доста ни е од тоа на секој 3-ти декември да доаѓате, да им донесете по едно пакетче и да се сликате со нас и со нашите деца, а потоа да не заборавите. Затоа, овој 3 декември ние доаѓаме кај вас“, порачуваат од оваа нова граѓанска иницијатива.

За нив, меѓу останатите, многу важно прашање е конечно да се избрише и да не важи законот за старателство во случаите како што се нивните деца бидејќи, како што велат, додека се живи, тие се родители, а не старатели. Старатели можат да бидат после смртта на родителите, братот или сестрата на лицето со попречености или згрижувачката установа.

 

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини