ДОДЕКА ГРАЃАНИТЕ ПРОТЕСТИРАА ЗА ФРОСИНА, ПРЕГАЗЕН ПЕШАК ВО СКОПЈЕ Возачот избегал, полицијата го бара
Додека стотици револтирани граѓани денеска протестираа во Скопје по прегазувањето на младата девојка Фросина Кулакова на булеварот Партизански одреди, маж пешак бил прегазен во центарот на градот.
Возачот избегал, пешакот е повреден и е пренесен во болница.
– Денеска (31.1.2025) во 13.54 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот Кузман Јосифоски-Питу во Скопје патничко возило „цитроен“ удрило во машко лице, по што го напуштило местото на настанот. Повредениот пешак е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Полициски службеници од СВР Скопје преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на настанот – информираат од МВР.