📽️ ДОДЕКА ЕРДОГАН СЕ ЧЕШЛА, СИТЕ СТОЈАТ! Телохранителот му додаде чешел на турскиот претседател за да си ја стокми фризурата

Откако заврши со стилизирање на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се насмевнува и да оди со претседателот на Уставниот суд Кадир Озкај.

506

Видеото од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла, стана хит на социјалните мрежи!

Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време е придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна лесно да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.






Откако заврши со стилизирање на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се насмевнува и да оди со претседателот на Уставниот суд Кадир Озкај.

Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од основањето на Уставниот суд.

 

Поврзани содржини