Додека Цетински пее во „Интермецо“, инспекторите бројат гости

4,506

Пред почетокот на концертот на хрватскиот пејач Тони Цетински, во кафе-барот „Интермецо“ во населбата Капиштец во Скопје вечерва пристигнале инспектори од Државниот пазарен инспекторат.

Хрватската музичка ѕвезда ја почна својата „свирка“ само еден час откако Владата ги прифати новите рестриктивни мерки предложени од Комисијата за заразни болести со кои се забранува гостување на пејачи и диџеи во угостителските објекти, но кои се уште не се во сила.






За здравјето на гостите не можам да гарантирам, но можам да гарантирам дека во објектот се почитуваат пропишаните здравствени протоколи – изјави за Телма менаџерот на „Интермецо“, Константин Влахо.

Тој додаде дека обезбедено е место за 220 гости, а кафе-барот има капацитето за 1.000 гости.

Поврзани содржини