ВО ЗАГРЕБ СУМ Чолиќ се јави по инцидентот со фрлената бомба врз неговата куќа

Во Белград, нагласи Чолиќ, состојбата е стабилна и сите се добро, алудирајќи на неговите сопругата Сандра и ќерката Лара. Познатиот пејач апелираше до медиумите кои напишаа дека тој бил во вилата на Дедиње во време кога била фрлена бомбата.

416

Тишина наместо паника. Смирен тон наместо наслови што трчаат пред фактите. Српскиот пејач Здравко Чолиќ првпат јавно проговори откако експлозија го потресе дворот на неговата семејна куќа на Дедиње.

Пејачот соопшти дека не е во Белград, туку дека престојувал во Загреб, каде што работел на последните песни за нов албум. Ова е спротивно на написите во речиси сите српски и регионални медиуми кои пренесоа дека во времето на нападот Чолиќ бил во вилата.






– Го разбирам интересот, но некои изјави беа протолкувани погрешно. Важно е информациите да се споделуваат одговорно и врз основа на проверени факти. Истрагата е во тек и го чекаме полицискиот извештај – рече Чолиќ.

Во Белград, нагласи Чолиќ, состојбата е стабилна и сите се добро.

Рано изутрина, околу 5 часот, експлозивна направа била фрлена во дворот на вилата.

Во јавноста се појавија тврдења дека нападот можеби бил грешка и дека вистинската цел бил соседот и поранешен менаџер на Чолиќ, Адис Гојак.

Поврзани содржини