ДОБРО, КАКО МОЖЕВТЕ ДА ГО ГЛОБИТЕ МАСК? Трамп ја прозва ЕУ, „оди во лоша насока“

Европа се движи во многу лоша насока, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, додавајќи дека очекува целосен извештај за случајот во текот на денот.

266

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја коментираше казната што Европската Унија ѝ ја изрече на компанијата „Икс“(X) на Илон Маск, оценувајќи ја како „непријатна“ и „тешко оправдана“.

– Европа се движи во многу лоша насока – рече Трамп пред новинарите во Белата куќа, додавајќи дека очекува целосен извештај за случајот во текот на денот.






Тој испрати предупредување:

– Не знам како можат тоа да го прават. Европа мора да биде многу внимателна.

Компанијата „Икс“ минатата недела беше казнета со 120 милиони евра поради прекршување на европските правила за транспарентност во онлајн содржини. Според Европската комисија, платформата нелегално доделувала сини ознаки, криела податоци од истражувачи и не ги објавувала рекламите на транспарентен начин.

Од Брисел порачаа дека санкцијата е „строго пропорционална на прекршувањето“. Илон Маск засега не се огласи, а Трамп изјави дека не разговарал со него за случајот.

На истиот настан, Трамп најави можни царини за увоз на вештачки ѓубрива од Канада, со цел да ги стимулира домашните производители.

– Многу од нив доаѓаат од Канада и ќе воведеме високи царини ако биде потребно – рече тој.

Американскиот лидер повторно се закани и на Мексико, предупредувајќи дека ќе воведе дополнителни 5-процентни царини поради, како што рече, „неисполнување на договорот за споделување на водата“.

„Ако Мексико не одговори на нашите барања, тоа ќе биде многу нефер кон нашите земјоделци“, напиша Трамп на својата мрежа „Трут Соушл“.

Поврзани содржини