Уставниот суд доби нова претседателка и тоа Добрила Кацарска, јавуваат медиуми. Таа е избрана со тајно гласање. Шест од деветмината уставни судии гласале за неа, односно Кацарска го добила потребното двотретинско мнозинство.
Досегашниот претседател Сали Мурати ја напушта и претседателската и судската функција во Уставен, бидејќи му завршува деветгодишниот мандат и нема право на реизбор.