ДОБРЕДОЈДОВТЕ, АДМИНИСТРАТОРИ НА ЦАР БОРИС! Левица му подготви герила-пречек на бугарскиот премиер (ФОТО)
Соодветен герила-пречек на новиот бугарски премиер, од страна на специјалните единици на Црвената младина на Левица, напиша на Фејсбук лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, утрово на Фејсбук објави дека неговата партија организирала герила-пречек на бугарскиот премиер Кирил Петков, кој денеска пристигна во Скопје и се сретна со новиот македонски премиер Димитар Ковачевски.
На транспарентот поставен на влезот на главниот град пишува: „Добредојдовте, администратори на Цар Борис“, а под објавената фотографија Апасиев напиша:
„Соодветен герила-пречек на новиот бугарски премиер, од страна на специјалните единици на Црвената младина на Левица“.
Инаку, бугарскиот премиер Кирил Петков пристигна во Скопје и во предворјето на Владата беше пречекан со сите почести.