ДОБРЕДОЈДЕНИ СТЕ, НО ПОДОБРО ДА НЕ ДОЈДЕТЕ НА МУНДИЈАЛОТ Иранската репрезентација би можела да биде во опасност, вели Трамп

Шефот на САД порача дека иранската фудбалска репрезентација е добредојдена на Светското првенство, но дека поради безбедносни причини е подобро да не дојде. Иранскиот министер за спорт претходно изјави дека тимот нема да учествува на турнирот под никакви околности.

3

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати необична порака до иранската фудбалска репрезентација во пресрет на Светското првенство. Тој на својата социјална мрежа „Truth Social“ порача дека тимот од Иран е добредојден на турнирот, но дека смета оти е подобро да не дојде.

Трамп во објавата ја спомена безбедноста на играчите како причина за ваквиот став.






„Иранската фудбалска репрезентација е добредојдена на Светското првенство, но навистина не верувам дека е соодветно тие да бидат таму, за сопствениот живот и безбедност. Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање! Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, напиша американскиот претседател.

Изјавата доаѓа во време на зголемени политички тензии меѓу САД и Иран.

Ден претходно, иранскиот министер за спорт Ахмад Донјамали изјави дека националниот тим на Иран нема да учествува на Светското првенство „под никакви околности“.

Претходно се огласи и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. По разговор со Трамп, тој изјави дека иранската репрезентација е добредојдена на турнирот.

Светското фудбалско првенство ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Турнирот е закажан од 11 јуни до 19 јули.

Пораките од Вашингтон и од Техеран покажуваат дека политичките тензии може да се прелеат и во спортот.

Учеството на иранската репрезентација на Мундијалот останува неизвесно, и покрај тоа што ФИФА формално порача дека тимот е добредојден.

Поврзани содржини