ДОБРА ВЕСТ ЗА ВОЗАЧИТЕ Горивата поевтинуваат за 1,5 денари

Цената на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1,00 ден/лит, а малопродажната цена на мазутотсе намалува за 1,152 ден/кг.

136

Малопродажните цени на нафтените деривати од полноќ  се намалуваат во просек за 1,87%, соопшти  Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)

Од полноќ бензините и дизел горивото поевтинуваат за 1,50 денари по литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1,00 ден/лит, а малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,152 ден/кг.






Според ова намалување на цените од полноќ бензинот „еуросупер – 95“ ќе чини 81,50 денари, „еуросупер-98“
ќесе  продава по цена од 83,50 денари, а дизелот ќе чини 74,00 денари.

Поевтинува и масло за горење и тоа ќе чини 72,50 денари, а цената на мазутот ќе изнесува 45,757 денари по килограм.

Поврзани содржини