ДОБРА ВЕСТ ЗА ВОЗАЧИТЕ Бислимовски потврди дека од полноќ ќе поевтинат горивата

Денес дизелот се намалува за половина денар, а бензинот за еден денар. Тоа што е на берзите се преточува во одлуки, изјави Бислимоски за телевизија 24.

1,802

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска најави дека ќе има поевтинување на нафтените деривати.

– Денес дизелот се намалува за половина денар, а бензинот за еден денар. Тоа што е на берзите се преточува во одлуки, изјави Бислимоски за телевизија 24.






Во однос на новиот тарифен модел за струјата, Бислимоски појасни дека има механизми за да се заштитат потрошувачите. Зголемувањето за сметка од 3.000 денари, тврди Бисломоски, би било од 150 до 200 денари.

Од полноќ поевтинуваат горивата од половина до еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според објавата на официјалната интернет страна на Регулаторна за еден денар се намалува цената на Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство, а за половина денар Еуросупер БС-95 и Еуродизелот.

Новата цена на Еуросупер БС-95 од полноќ ќе биде 108,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 110,5 денари за литар, а дизелот по цена од 103,5 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 102 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,422 ден/кг и сега ќе изнесува 53,727 ден/кг.

Поврзани содржини