ДОБРА ВЕСТ ЗА ИМАТЕЛИТЕ НА ОБВРЗНИЦИ По стапка од 2,7% TTK Банка ќе исплати камата
Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на Корпоративна обврзница-втора емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13.02.2022 година.
ТТК Банка на 14 февруари ќе изврши исплата на годишната камата по каматна стапка од 2,7 % на годишно ниво на имателите на Корпоративна обврзница – втора емисија на обврзници со ИСИН MKTTKS200020 и шифра TTKO2.
Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на Корпоративна обврзница-втора емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13.02.2022 година.
Тргувањето со обврзниците во деновите 10 и 11 февруари 2022 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 362 и 363 денови соодветно, при што купувачот при порамнувањето на 14 и 15 февруари 2022 година ќе треба да го уплати износот на чистата цена плус акумулираната камата на продавачот. При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на Корпоративната обврзница – втора емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 14 и 15 февруари 2022 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на годишната камата, соопштија од Банката.