ДОБИВМЕ СЕРИОЗНА ПОНУДА ЗА ПОПОВА ШАПКА Нуредини вели дека се работи за фирма од ЕУ со големо искуство

Имаат големо искуство, кога ќе помине точката на Влада тоа ќе биде официјално и ќе ги доставиме сите документации до јавноста да бидеме транспарентни, ќе биде повеќе од 50 милиони инвестиција со нови ски-лифтови, нови хотели и сè друго што е потребно да имаме еден ски-ресорт кој ќе има добри стандарди, истакна Нуредини од Боговиње каде присуствуваше на акција за пошумување.

288

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, од тетовско Боговиње информираше дека државата добила сериозна понуда од странска компанија за инвестирање во развојот на скијачко рекреативниот центар Попова Шапка.

Тој вели дека понудата поминала на Комисија за стратешки инвестиции, детали ќе се знаат кога ќе се разговара за тоа на седница на Владата наредната недела.






– Оваа недела во Комисија за стратешки инвестиции помина точката и очекуваме следна седница на Владата,  после една недела ќе најавиме со име една фирма која е од централна Европа во Европска унија со големо искуство во ски-ресорти и сме со голем задоволство ќе информираме следна недела – рече Нуредини.

Ќе се дознае наредната недела и дали ќе биде јавно-приватно партнерство.

– Ќе биде стратешка инвестиција со закон за стратешки инвестиции. Ќе биде голема инвестиција и ќе презентираме целосна документација. Секогаш велев дека додека немаме официјална понуда нема да зборувам за тоа. Но, сега имаме понуда. Имаат големо искуство, кога ќе помине точката на Влада тоа ќе биде официјално и ќе ги доставиме сите документации до јавноста да бидеме транспарентни, ќе биде повеќе од 50 милиони инвестиција со нови ски-лифтови, нови хотели и сè друго што е потребно да имаме еден ски-ресорт кој ќе има добри стандарди – истакна Нуредини од Боговиње каде присуствуваше на акција за пошумување.

Тој воедно информираше дека планот за управување со национален парк Шар Планина е во крајна фаза, ќе биде подготвен и ќе биде усвоен во Влада.

Поврзани содржини