ДОБАР ДЕН ЗА АМЕРИКА И ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА Бајден се обрати по изборите (ВИДЕО)

Демократијата беше ставена на тест последните години, но американскиот народ се изјасни со своите гласови, рече Бајден.

672

Американскиот претседател Џо Бајден по изборите се обрати до нацијата и рече дека секое место што ќе го изгуби неговата партија е голема загуба.

Сепак, тој истакна дека неговата партија „изгубила помалку места во Претставничкиот дом отколку на кои било среднорочни избори во последните 40 години“.






– Вчера одржавме избори. Ова беше добар ден за Америка и демократијата – рече Бајден. Американскиот претседател посебно им се заблагодари на младите што гласаа.

– Демократијата беше ставена на тест последните години, но американскиот народ се изјасни со своите гласови – рече Бајден.

Бајден ги слави успесите на демократите. „Експертите предвидуваа „црвен бран“, но тоа не се случи“, рече Бајден, осврнувајќи се на резултатите што ги постигнаа републиканците и додаде дека многу резултати во клучните трки се уште се бројат.

Бајден ја повтори својата посветеност на борбата против климатските промени.

– Подготвен сум да работам со моите републикански колеги и американскиот народ јасно стави до знаење дека републиканците треба да бидат подготвени да соработуваат со мене – рече Бајден.

Поврзани содржини