ДОАЃА НЕВРЕМЕ СО МНОГУ ДОЖД, СИЛЕН ВЕТЕР И СО ГРМОТЕВИЦИ Од вторник заладување
Во Скопје, времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен југозападен ветер.
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Во крајните југозападни делови ќе има услови за слаб локален дожд.
Ќе дува умерен, во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.
Најстудено утрото ќе биде во Берово, со минимална температура од 5 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија и во Демир Капија со максимална температура до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје, времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен југозападен ветер. Температурата ќе се движи од 9 до 20 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во недела во текот на ноќта и во понеделник претпадне ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни, со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, над 30 литри на квадратен метар и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од Македонија.
Од вторник температурите ќе бидат во опаѓање.
Во Скопје од недела попладне, а особено во текот на ноќта и во понеделник претпладне ќе има врнежи од дожд. Локално во делови од котлината ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
