ДО ПОСЛЕДЕН ЦЕНТ Ѝ ВРАТИЛЕ ЗА НАФТАТА НА ВЕНЕЦУЕЛА Вашингтон и Каракас имале договор за прва продажба

Соединетите Американски Држави соопштија дека ѝ ги вратиле на венецуелската влада сите 500 милиони долари од првичната продажба на нафта, што беше дел од договорот постигнат меѓу Вашингтон и Каракас минатиот месец, изјави вчера американски функционер под услов да остане анонимен.

242

Соединетите Американски Држави и ја вратиле на владата во  целата сума од 500 милиони долари од првичната продажба на нафта, што произлегла од договорот меѓу  Вашингтон и Каракас, постигнат минатиот месец.

Последните 200 милиони долари биле префрлени во последната транша, со што бил заокружен целиот финансиски трансфер, изјавил американски функционер кој побарал анонимност.






Функционерот нагласил дека венецуелските власти официјално го примиле целиот износ од првичната продажба на нафта. Тој додал дека средствата ќе се користат „во корист на венецуелскиот народ, по дискреционо право на американската влада“.

Договорот за продажба на нафта бил постигнат по настаните од 3 јануари, кога венецуелскиот претседател Николас Мадуро беше заробен за време на американска воена операција.

Американскиот државен секретар Марко Рубио, зборувајќи на сослушување на Капитол Хил минатата недела, изјавил дека учеството на САД во продажбата на венецуелска нафта е краткорочна мерка. Целта, според него, била стабилизирање на земјата, одржување на функционирањето на владините институции и директна помош за населението, со цел да се спречи системски колапс.

Средствата првично биле депонирани во Катар како привремено и краткорочно решение, со кое требало да се обезбедат неопходни финансии за нормално функционирање на државата. Американскиот функционер појаснил дека долгорочната цел е приходите од идните продажби да се префрлаат во фонд со седиште во САД. Од тој фонд, венецуелската влада и нејзините институции би трошеле средства според однапред договорени процедури.

Поврзани содржини