До петок ќе се знае дали породилното отсуство ќе се продолжи или децата ќе се запишуваат во градинка
Фондот за здравствено осигурување треба да изнајде решение за оние мајки на кои во овој период им завршува породилното отсуство.
– Утрово ова прашање го дискутиравме и на Централниот штаб и тоа за две можни решенија – дали може технички да се запишат административно децата во градинка или Фондот да го продолжи породилното отсуство. Дозволете да се изработи соодветно решение, верувам до крајот на неделата, но една форма на решение сигурно ќе има, ќе може или продолжување на отсуството или запишување во градинка, но решение ќе се изнајде – рече Филипче.