ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА СТИГНУВААТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА Министерката за финансии денеска ќе го потпише договорот за заем

Потпишувањето на договорот со унгарската Експорт-импорт банка е согласно усвоениот Закон за задолжување со заем кај унгарската Експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, а се реализира како дел од планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година.

54

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска престојува во работна посета на Република Унгарија, каде што во име на Владата ќе го потпише Договорот за заем од унгарската Експорт-импорт банка, соопшти Министерството за финансии.

– Станува збор за потпишување договор за најавениот заем од 500 милиони евра со поволни услови, 15 години рок на отплата, со вклучени три години грејс период и каматна стапка од 3,25%. Средствата од заемот ќе се користат за поддршка за проекти за локален регионален развој, што ќе се реализираат преку општините, како и за поддршка на економијата, односно заеми за компаниите – велат од Министерството за финансии.






Потпишувањето на договорот со унгарската Експорт-импорт банка е согласно усвоениот Закон за  задолжување со заем кај унгарската Експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, а се реализира како  дел од планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година.

Средствата од заемот треба да бидат префрлени во земјава до крајот на неделава. 

Поврзани содржини