До крајот на неделава ќе стигне лекот за пациентите со цистична фиброза
Вчера пробавме и во секторот за ретки болести да комуницираат со добавувачите. Вчера не одговорија, денеска очекуваме да ни кажат. Треба да стигне од Велика Британија - рече Филипче.
Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека денеска треба да се знае кога ќе стигне лекот за пациентите со цистична фиброза и изрази надеж дека тоа ќе биде до крајот на неделава.
-Вчера пробавме и во секторот за ретки болести да комуницираат со добавувачите. Вчера не одговорија, денеска очекуваме да ни кажат. Треба да стигне од Велика Британија – рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје.
Тој додаде дека по денешната прес-конференција ќе провери дали има одговор.
-Тоа што се обидовме и со меилови да искомуницираме, да се прати лекот по ДХЛ да стигне што поскоро, а во МАЛМЕД да направат постапка за одобрување на пуштање на лекот во промет и покрај тоа што официјално постапката не е завршена. Сега имаме јавна административна пречка, ама ќе ја надминеме – нагласи Филипче.
Тој додаде дека разговорал со директорот на Агенцијата за лекови и медицински средств,а Љирим Шабани, кој, како што истакна, рече дека ќе излезат во пресрет.