ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ДОАЃААТ АВГАНИСТАНЦИТЕ Владата тврди дека нема да има мигрантска криза

Трошоците за нивното сместување во неколку хотели и мотели во земјава ќе бидат во целост покриени од меѓународните организации и од САД, сѐ до нивното заминување кон САД или до трети земји како нивна крајна дестинација.

258

Зависно од околностите на аеродромот во Кабул, до крајот на неделета се очекува во земјава да пристигнат најголем дел од 450 граѓани од Авганистан, информира денеска портпаролот на владата  Мухамед Хоџа.

– Станува збор за демократско, мирољубиво население, вработени и жени и деца од семејства на оние кои работеле за хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија – информира тој.






Тој наведе дека  не постои ризик од мигрантска криза, ниту оваа хуманитарна операција треба да се поврзува со прифатниот центар за странци или мигрантските кампови на северната и јужната граница. Северна Македонија е дел од голема светска хуманитарна акција.

Хоџа нагласи дека трошоците за нивното сместување во неколку хотели и мотели во земјава ќе бидат во целост покриени од меѓународните организации и од САД, сѐ до нивното заминување кон САД или до трети земји како нивна крајна дестинација.

 

Поврзани содржини