До крајот на месецов ќе биде готова железничката станица во Гевгелија

Најавено е уредување на целиот простор околу старата локомотива која е поставена пред објектот на Железнилката станица во Гевгелија, изграден во 1874 година.

329

Завршната фаза од реконструкцијата на Железничката станица во Гевгелија се одвива со забрзано темпо и, според најавите, треба да биде пуштена во употреба до крајот на оваа година, во рамки на проектот „ЕУ за тебе“, финансиран од владата на Шпанија.

Моментно се работи на уредување на чекалната, билетарницата, санитарните јазли и останатите простории на објектот, кој е прогласен за споменик на културата, поради што и градежните работи беа забавени бидејќи бараа изведба по посебен елаборат и примена на одредбите од Законот за заштита на споменици на културата.






Пред да биде извршен технички прием на објектот, увид во изведбените зафати извршија претставници на Македонски железници, Заводот за заштита на спомениците на културата од Струмица и изведувачот на работите.

–Сакавме да направиме увид и заеднички да укажеме на работите што треба да се завршат. До крајот на годината Железничката станица треба да биде готова и предадена во употреба. На челната страна од новата фасада на објектот ќе бидат поставени грбовите на Општина Гевгелија и Македонски железници – рече Аце Манински, директор на струмичкиот Завод за заштита на спомениците на културата.

Најавено е уредување на целиот простор околу старата локомотива која е поставена пред објектот на Железнилката станица во Гевгелија, изграден во 1874 година.

Поврзани содржини