ДОЈДОВ ЗА ДА МУ ГО ЧЕСТИТАМ ИМЕНДЕНОТ НА ВАШИОТ ПОГЛАВАР Рускиот владика Антониј и архиепископот Стефан утре ќе служат заедничка литургија

Во кусата изјава за Сител по средбата, митрополитот Антониј кажа дека дошол во Скопје за лично да му го честита именденот на г.г. Стефан и оти се радува за автокефалноста на МПЦ-ОА.

993

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан денеска во седиштето на Ахиепископијата во Скопје имаше средба со рускиот митрополит Антониј, директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на рускиот патријарх Кирил.

Митрополитот Антониј, беше придружуван од неговиот заменик Николај Балашов и од рускиот амбасадор во земјава Сергеј Бездникин, а пречекан од членови на Синодот на МПЦ-ОА.






Во кусата изјава за Сител по средбата, митрополитот Антониј кажа дека дошол во Скопје за лично да му го честита именденот на г.г. Стефан и оти се радува за автокефалноста на МПЦ-ОА.

– Овде сме како претставници на РПЦ за да искажеме честитки за неговиот именден којшто беше пред неколку дена. Донесовме братски пораки и поздрави од нашиот патријарх – рече владиката Антониј.

Тој и г.г. Стефан по средбата заедно го посетија соборниот храм „Св. Климент Охридски”.

Предвидено е г.г. Стефан и митрополитот Антониј, утре заеднички да сослужуваат на архијерејска литургија во Лесновскиот манастир.

Изјава по средбата даде и митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј, кој посочи дека целта на посетата на митрополитот Антониј, кој е задолжен за дипломатијата на РПЦ, е да одржи пријателска средба со поглаварот на МПЦ-ОА, да му го честита именденот и Божик, како и да поразговараат, без да открие детали за што станало збор.

– Ова е прва негова посета на МПЦ-ОА откако РПЦ не призна какао автокефална црква. Ова е посета за која од страна на рускиот патријарх е задолжен да му го честита именденот на нашиот поглавар. Сето тоа беше еден пријателски разговор околу признавањето на МПЦ-ОА од страна на РПЦ и за понатамошна соработка – изјави владиката Тимотеј.

На новинарско прашање тој рече дека не се разговарало за томосот што се очекува од Вселенската патријаршија за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

Митрополитот Тимотеј негира и дека посетата била криена и држена во тајност.

Посетата на митрополитот Антониј, која не беше најавена ниту од МПЦ-ОА ниту од РПЦ, се случува во време кога МПЦ-ОА го очекува томосот од Вселенската патријаршија за автокефалност.

Поврзани содржини