„ДОЈДЕТЕ И ПОДДРЖЕТЕ НЀ, ИМАМЕ ПРАВО НА ЛЕК“ Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат пред Владата
„Борбата продолжува со надеж дека ЦФ ќе значи Целосно Функционални наместо Цистична Фиброза“, велат од Асоцијацијата.
Асоцијацијата за цистична фиброза на 4 февруари (сабота) пред Влада со почеток во 12:00 часот ќе одржи протест.
– Борбата продолжува со надеж дека ќе се ослободат нашите бели дробови од бодликавата жица и ќе пораснат 65 рози. Борбата продолжува со надеж дека ЦФ ќе значи Целосно Функционални наместо Цистична Фиброза – велат од Асоцијацијата.