Дојде време првиот Албанец да стапне на Месечината

До толку да се немало осет за времето во кое живееме и милтиетничкиот карактер на нашето општество. Само гол национализам, етноцентризам и популизам во борбата за власт, без трунка инвентивност и креативност што ги налага современието.

13,305

Па навистина, нема смисла само некои Американци, Руси, а сега слушаме дека и Индијци и Јапонци ќе се шетале на Месечината.

А каде се тука Албанците??? Каде се тука нивните етнички права? Неправда на глобален план!






Ги молам моите пријатели и сограѓани Албанци да ми простат за ова иронизирање, бидејќи по соодветен изразен начин не можев да пронајдам за да го искажам моето несогласување со крајно штетната политичка кампања што ја водат раководствата на некои политички партии, пред сѐ на ДУИ.

До толку да се немало осет за времето во кое живееме и милтиетничкиот карактер на нашето општество. Само гол национализам, етноцентризам и популизам во борбата за власт, без трунка инвентивност и креативност што ги налага современието.

При тоа, забораваат за чувствата и потребите на припадниците на другите етнички заедници, со коишто живеат во македонското општество. Турците, Србите, Ромите, Власите, Бошњаците и останатите кои живеат во Македонија се само гола бројка и не потребен баласт.

Освен тоа, Албанецот го издигнуваат на ниво на професија или занимање, а не припадник на етничка заедница, рамноправен со припадниците на останатите етнички заедници. За нив квалитетот, компетентноста, стручноста и мерит системот немаат никакво значење.

И што е најстрашно, го менуваат унитарниот карактер на македонската држава во бинационален, како држава само на Македонците и Албанците.

Крајно опасна теза, колку и да имам разбирање дека сето ова се случува пред избори, кога се газат сите демократски принципи и правила, за да се победи на избори.

Како резултат на една таква неодговорна политика е покачување на етничките тензии и продлабочување на јазот на меѓусебна доверба.

Да оставиме времето да ги исфрли на површина вистинските вредности на луѓето кои како граѓани се кандидираат за определени функции, независно од нивната етничката припадност.

Та нели, сите ние, пред сѐ и по правило сме луѓе, а сосема случајно припадници на некои етнички или верски заедници!

Фејсбук статус на авторот

Поврзани содржини