ДО 15 ЧАСОТ 31,34% ИЗЛЕЗЕНОСТ Највисока во Чашка, најниска во Врапчиште

Од 1.832.415 запишани гласачи, право на глас до 15 часот оствариле 570.727 граѓани.

1,154

До 15 часот на локалните избори, излезеноста на гласачите на ниво на државата достигнува 31,34 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Податоците се базираат на 3.444 обработени избирачки места, што претставува 99,14 отсто од вкупниот број. Од 1.832.415 запишани гласачи, право на глас до 15 часот оствариле 570.727 граѓани.






Најактивни општини се Чашка (53,19 отсто), Новаци (52,84 отсто), Ранковце (48,24 отсто) и Македонски Брод (48,21 отсто). До 15 часот во Велес гласале 27,52 отсто, а во Градско 37,12. Најмал одѕив е забележан во Врапчиште (14,94 отсто), Центар Жупа (17,12 отсто) и Шуто Оризари (23,01 отсто).

Во Скопје, излезеноста е 31,50 отсто. Најголема излезност е регистрирана во Сарај (36,32 отсто) и Чаир (35,59 отсто), а најниска е во Шуто Оризари (23,01 отсто).

ДИК информира дека досега нема пристигнато пријави за неправилности и дека гласачите непречено го остваруваат правото на глас.

На едно избирачко место во Карпош се случил технички проблем со биометриската идентификација – сим-картичката во уредот се заглавила. Поради тоа, гласањето на ова место се одвива по стариот начин со УВ-лампа и УВ-спреј, се вели од ДИК.

– Овој начин на гласање не го ограничува правото на ниту еден граѓанин. Сите запишани избирачи ќе можат да го остварат своето право на глас – изјави портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска-Алексовска.

 

Фото: ДИК (Принтскрин)
Поврзани содржини