ДО 11 ЧАСОТ НА ПОВТОРЕНИТЕ ИЗБОРИ ГЛАСАЛЕ 16,46% ОД ГЛАСАЧИТЕ Најголема излезност во Желино
Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, на ова прегласување за парламентарните избори на седумте избирачки места до 11 часот забележана е зголемена излезеност за 5.35%.
До 11 чaсот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места, гласале 743 односно 16.46% од избирачите, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Во избирачкото место 2101 во Желино гласале 205 гласачи односно 20.64%. Во избирачкото место 1194 во Крушево, гласале 87 гласачи односно 18.55%. Во избирачкото место 1202 во Крушево, гласале 35 гласачи односно 11.74%. Во избирачкото место 1272 во Охрид, гласале 156 гласачи односно 21.94 %. Во избирачкото место 1470 во Долнени, гласале 83 гласачи односно 12.61%. Во избирачкото место 1470/1 во Долнени, гласале 31 гласач односно 4.91%. Во избирачкото место 1844 во Струга, гласале 146 гласачи односно 19.39%.
Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 11 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 5.35% на овие избирачки места.
Како што се посочува во информацијата, до ДИК се пристигнати два приговори за заштита на личното избирачко право за избирачкото место 1470 во Долнени.
Денеска се прегласува во Изборната единица 5 на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 и 1470/1 во Долнени и 1844 во Струга, додека во Изборна единица 6 на избирачкото место 2101 во Желино.