DM ЗАСАДИ 400 НОВИ ДРВЈА ГО ПАРКОТ „ГАЗИ БАБА“ Ќе се засадат уште 30.000 садници месецов

103

Најголемиот европски дрогериски ланец dm дрогерие маркт втора година по ред успешно го реализира големиот национален проект за поздрава животна средина „Пошумуваме заедно за позелено утре“. Проектот кој започна минатата година, во чии рамки беа засадени 27.000 садници на територијата на селото Миладиновци во Скопје и модернизација на опремата на ЈП Национални шуми, оваа година се реализира во три етапи.

Проектот започна во октомври, со хортикултурно уредување на училишниот двор на основното училиште „Никола Вапцаров“ во Струмица, каде претставници на компанијата со институционалните партнери од Општина Струмица и ЈП Комуналец Струмица, заедно со сите дечиња од генерацијата од шесто одделение од училиштето го уредија училишниот двор посадувајќи речиси 200 нови садници.






На 12 ноември се реализираше и втората етапа од проектот, каде вработени од dm дрогерие маркт со поддршка на Град Скопје и екипи од ЈП Паркови и зеленило – Скопје, се погрижија за садењето и пошумувањето на трим патеката во Парк шумата „Гази Баба“ во Скопје со 400 дрвја, со кои дополнително го оплеменија и разубавија едно од омилените места за релаксација на граѓаните.

Последното пошумување за оваа година ќе се случи на 26 ноември, кога ќе се реализира уште едно масовно пошумување на 30.000 садници во непосредна близина на Кумановско, на неодамна опожарена територија. За време на садењето доброволно ќе учествуваат вработени од компанијата dm, но целта е во проектот да се приклучат и што повеќе еколошки свесни граѓани, институции и организации со кои заедно ќе пошумат нови зелени површини.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се приклучат на оваа акција можат да го направат тоа на следниот линк.

„Со огромно задоволство можеме да потврдиме дека проектот изминатата година достигна значителен успех и токму тоа беше дополнителен мотив за нас да го продолжиме и оваа година и тој да прерасне во традиција. Успешната реализација на проектот немаше да биде возможна без активното учество и заложба на сите наши колеги и колешки, кои од самиот почеток го препознаа позитивниот карактер на овој проект и несебично го дадоа својот придонес во засадувањето на сите дрвја до сега. Благодарни сме што како компанија наидовме на максимална поддршка и разбирање од нашите институционални партнери: ЈП паркови и зеленило, Град Скопје, ЈП Национални шуми, Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои несебично ја даваат својата поддршка и со нивното стручно знаење даваат голем придонес за успешната реализација на проектот. Овој проект без нивната поддршка не би можел да се реализира и токму поради тоа сакаме да ја истакнеме нивната важност“, изјавија од dm дрогерие маркт.

Поврзани содржини