ДКСК ГО ПРОВЕРУВА ТЕНДЕРОТ НА ДИК 11,2 милиони евра за уреди за гласање со отпечаток од прст
Откако ќе биде разгледан документацијата, на разговор ќе биде повикан и претседателот на ДИК Александар Даштевски, а не се исклучува да бидат повикани и членовите на ДИК кои беа членови во тендерската комисија.
Тендерот вреден 11,2 милиони евра за терминалите за гласање со отпечаток на прст стаса на разгледување пред Антикорупциска комисија. Како што објави ТВ 24, во Комисијата веќе стигнала техничката документација и финансиските документи за тендерот. Откако ќе биде разгледана, на разговор ќе биде повикан и претседателот на ДИК Александар Даштевски, а не се исклучува да бидат повикани и членовите на ДИК кои беа членови во тендерската комисија.
Тендерот го доби фирмата „Дермалог“ со седиште во Хамбург, која е најголемата германска фирма за изработка на биометриски апарати.
Но, до ланските локални избори во Македонија „Дермалог“ имала скромно искуство и негативни критики за време на парламентарните, а подоцна на претседателските избори во Авганистан во 2019 година.