ДИЗЕЛОТ ПОСКАПЕ ЗА 2,5 ДЕНАРИ Какви се цените на другите горива?

Цената на дизелот од полноќ ќе изнесува 70,00 денари по литар колку што ќе биде и цената на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1).

1,133

Малопродажните цени на дизелот и нафтата за домаќинства се зголемува за 2,50 денари по литар, а цената на мазутот се зголемува за 1,14 денари по килограм, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на бензините останува иста.






Според одлуката, цената на дизелот од полноќ ќе изнесува 70,00 денари по литар колку што ќе биде и цената на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1).

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,149 денари по килограм и ќе изнесува 40,928 денари по килограм.

Цената на бензинот од типот „еуросупер -95“ останува 76 денари по литар, а на бензинот „еуросупер-98“ останува 78 денари.

Според РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,305% или за 23,600
$/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 8,111% или за 53,000 $/тон, кај екстра лесното
масло зголемувањето е во просек за 7,554% или за 48,950 $/тон и кај мазутот зголемување во
просек за околу 5,146% или за 22,700 $/тон.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 53,3949 ден/$ и е за околу 0,8039% понизок од курсот на доларот од претходната пресметка.

 

Поврзани содржини