ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИНУВА ЗА 2,5 ДЕНАРИ Од полноќ нови цени на горивата

262

Регулаторната комисија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,80 % во однос на одлуката од 8.11.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,236 %, кај дизелот 3,669 %, кај екстра-лесното масло 4,540 % и кај мазутот намалувањето е 3,128 %.






Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,382 %.

Од 11.11.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 81 денар/литар; моторен бензин „евросупер БС-98“ – 83 денари/литар; дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 78 денари/литар; масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 77,50 денари/литар; „мазут М-1 НС“ – 43,743 денари/килограм.

Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 2,50 денара за литар.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува и сега ќе изнесува 43,743 денари за килограм.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и на „евросупер БС-98“ не се менуваат.

Поврзани содржини