ДИЗЕЛОТ ПАЃА ПОД 75 ДЕНАРИ Бектеши најави враќање на ланските цени

Трендот на намалување на цената на горивата ќе продолжи и оваа недела. Само за една недела цената на дизелот бележи намалување од 4,5 денари, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

325

Се враќаме на цените од февруари минатата година, рече министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција и најави дека цената на дизелот повторно ќе изнесува под 75 денари.

– Трендот на намалување на цената на горивата ќе продолжи и оваа недела. Само за една недела цената на дизелот бележи намалување од 4,5 денари. Се враќаме на цената на горивата од февруари минатата година, а тоа ќе има позитивно влијание врз намалување на инфлацијата – заклучи министерот.






Намалените цени на горивата Бектеши очекува да ја намалат и инфлацијата.

Поврзани содржини