ДИВОГРАДБИТЕ ВО КУМАНОВО СЕ НАМАЛЕНИ ЗА 90 ОТСТО Максим Димитриевски нуди урбанистички решенија, а не дивеење
Независниот кандидат за градоначалник на Куманово го прозва СВР Куманово зошто не поднесува кривични пријави за незаконско градење.
Имаше 25.000 барања за легализација на диво изградени објекти или пречекорување во градба. Јас затекнав ситуација со 16.000 барања, а околу 8.000 се решени. Има голем број на објекти кои се изградени по законот за легализација. Инаку, дивоградбите во Куманово се намалени за 90%, тоа е по извештаите на сите надлежни општински и инспекциски служби.
Ова на телевизија Алсат-М го изјави независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.
– Знаете ли зошто одредени бизнисмени не го поддржуваат Максим? Немате повеќе градби, тука куќа, тука згради, се градат големи комплекси согласно деталниот урбанистички план и законодавството кое е на сила. Ќе продолжиме така да работиме, а дополнително ќе ги засилиме надлежните инспекциски служби. Но, нема случај во Куманово СВР да има пуштено кривична пријава за кривично дело незаконско градење. Зошто е тоа така и зошто тоа не функционира воКуманово треба да се произнесе ресорното министерство – рече Димитриевски
Независниот кандидат Димитриевски и дел од тимот кандидати за советници во идниот Совет на општината, утрово беа во посета на зелениот пазар во Куманово, каде имаа можност да поделат промотивен материјал, да разговараат со граѓаните и да ги слушнат нивните потреби за подобро функционирање на градскиот пазар и целата
општина.
– Заеднички со граѓаните дискутиравме за проектите кои имаме во план да ги реализираме по победата на локалните избори. Мило ми е што веруваат во нас и ни даваат поддршка, затоа што сите вложувања во однос на подобрувањата за наше Куманово, ги правиме токму за нив – граѓаните.