ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ПО СЕЛАТА ГО НАПОЛНИЛЕ ВАРДАР СО ШИШИЊА Потребна е строга контрола
Во моментов, Државниот инспекторат за животна средина е во фаза на подготовка на измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина, со цел воспоставување на единствен систем на инспекциски надзор што ќе овозможи поефикасна и поефективна контрола во областа на животната средина.
Во врска со појавата на пластичен амбалажен отпад во реката Вардар и во другите поголеми и помали водотеци, Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека причините за ваквата состојба се должат на незадоволителното ниво на комунални услуги од страна на операторите, особено во руралните средини. Во овие подрачја е евидентно присуство на помали или поголеми диви депонии на јавни површини, за чијa санација и контрола се надлежни единиците на локалната самоуправа и општинските инспекциски служби.
Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина континуирано укажуваат преку ЗЕЛС на потребата од постојано следење на состојбите со управувањето со отпадот и засилено присуство на општинските инспектори на терен.
Во моментов, Државниот инспекторат за животна средина е во фаза на подготовка на измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина, со цел воспоставување на единствен систем на инспекциски надзор што ќе овозможи поефикасна и поефективна контрола во областа на животната средина.
Министерството за животна средина и просторно планирање апелира до единиците на локалната самоуправа, комуналните претпријатија и до граѓаните за заедничка одговорност и делување во насока на зачувување на чистотата на реките и водните текови.
📽️ ИЛЈАДНИЦИ ШИШИЊА ПЛОВАТ ПО ВАРДАР Загрижувачка слика во тетовско по обилните врнежи