ДИРЕКТОРОТ НА БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА СЕ ПОВЛЕКУВА? Обедниковски ќе поднесе оставка „од морални причини“

Смртта на двете деца, на 6 и 12-годишна возраст, како и трагедијата од вчера кога почина новороденче, се причините кои го наведоа директорот Обедниковски на ваков чекор.

913

По трите скандалозни смртни случаи што го потресоа битолското здравство, директорот на битолската болница д-р Александар Обедниковски најави за Независен.мк дека утре ќе поднесе оставка од функцијата.

Смртта на двете деца, на 6 и 12-годишна возраст, како и трагедијата од вчера кога почина новороденче, се причините кои го наведоа директорот Обедниковски на ваков чекор. За првите два случаи веќе се отворени предмети во битолското јавно обвинителство, а за смртта на новороденчето наскоро ќе се знае дали ќе биде отворен предмет.






Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска беше во посета на битолслската болница за од биску да се запознае со последниот случај.

Обедниковски е кадар на СДСМ, вработен е во Битолската клиничка болница како ортопед од 2014 година, а за директор на болницата беше именуван во мај 2022 година.

Поврзани содржини