ДИРЕКТОРКАТА НА УЧИЛИШТЕТО ВО ВРАЧАР ПРЕД РАЗРЕШУВАЊЕ Се предвидува и дисциплинска постапка за педагогот, психологот и за секретарот

Во извештајот дополнително се наредува спроведување на дисциплинска постапка против педагогот, психологот и секретарот на училиштето, кои ќе бидат суспендирани до завршување на наведената постапка, пренесе Бета.

300

Српската просветна инспекција предложи да се разреши директорката на белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, Снежана Кнежевиќ и управниот орган на таа институција каде на почетокот на мај ученик уби девет ученици и чувар.

Инспекцијата предложила да се именува привремен орган на управување и да се именува в.д директор, соопшти денеска Министерството за образование на Србија.






Во извештајот дополнително се наредува спроведување на дисциплинска постапка против педагогот, психологот и секретарот на училиштето, кои ќе бидат суспендирани до завршување на наведената постапка, пренесе Бета.

Поврзани содржини