ДИРЕКТОРКАТА НА „КОЗЛЕ“ ТВРДИ ДЕКА БИЛА ПОПРЕЧЕНА ВО РАБОТАТА Го санкционирала „дрското однесување“

Клиниката работи по закон и спроведува законски прописи, се наведува во реакцијата на в.д. директорката на ЈЗУ Универизитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, д-р Каролина Симоновска.

1,720

Секое лекарско однесување надвор од лекарската етика, а особено при извршување оперативен зафат на малолетно лице, мора да се санкционира за да не настанат полоши последици за кои потоа би било доцна за каква било реакција, се наведува во реакцијата на в.д. директорката на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, д-р Каролина Симоновска, откако лекарскиот колегиум соопшти дека бара итно разрешување на Симоновска по донесената одлука за отказно решение на д-р Веселинка Митровска Јосифовска, реномиран ОРЛ специјалист и бронхоскопист со долгогодишно искуство и нејзино враќање на работа.

„Дрското однесување и попречување на работата е недозволено и мора да биде санкционирано без оглед на тоа за кого се работи. Цел стручен колегиум стои на таа одлука. Клиниката работи по закон и спроведува законски прописи“, се наведува во реакцијата на директорката Симоновска во која таа вели дека станува збор за оркестриран политички напад врз неа.






Претходно, Лекарскиот колегиум на Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле соопшти дека бара итно и неодложно разрешување на Симоновска по донесената последна одлука за отказно решение на д-р Веселинка Митровска Јосифовска, реномиран ОРЛ специјалист и бронхоскопист со долгогодишно искуство, и дека бара итно враќање на докторката на работа.

 

ДИРЕКТОРКАТА НА „КОЗЛЕ“ ИЗБРКАЛА ОД РАБОТА ЛЕКАРКА СО 22-ГОДИШНО ИСКУСТВО Лекарскиот колегиум бара разрешување на директорката

Поврзани содржини