Директорката на Инфективна ќе се вакцинира со „АстраЗенека“

Мораме да имаме доверба во нашиот систем. Јас ја имам, не само затоа што работам во него. Сè потешко ќе ни биде во секоја идна и сегашна ситуација, ако не веруваме во она што го прави здравствениот систем, рече Стевановиќ.

949

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, во емисијата „24 Анализа’ рече дека ќе се вакцинира со вакцината на „АстраЗенека“ и потенцираше дека мора да се има доверба во нашиот здравствен систем.

– Мораме да имаме доверба во нашиот систем. Јас ја имам, не само затоа што работам во него. Сè потешко ќе ни биде во секоја идна и сегашна ситуација, ако не веруваме во она што го прави здравствениот систем. Верувам дека многу малку верувале и очекувале дека ќе се носиме со работите вака како што се носиме, а јас сметам дека многу професионално и многу добро се носиме – изјави Стевановиќ.

Поврзани содржини