ДИРЕКТОРКА НА УЧИЛИШТЕ ПОД ИСТРАГА Обвинитетата тајно делела часови и исплаќала незаконски плати

Во периодот од септември 2024 до март 2025 година, таа од пет вработени наставници со договор на неопределено време одзела часови и истите му ги доделила на нововработеното лице.

986

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против 56-годишната Ж.М. од Свети Николе, под сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Според информациите од полицијата, пријавената во својство на директор на средно училиште во Свети Николе распишала оглас и на 5 септември 2024 година вработила лице како наставник со неполно работно време од 18 часови. Во периодот од септември 2024 до март 2025 година, таа од пет вработени наставници со договор на неопределено време одзела часови и истите му ги доделила на нововработеното лице.






Со овие дејствија, осомничената незаконски му исплатила плата со придонеси во вкупен износ од 174.805 денари, со што го оштетила Буџетот на Министерството за образование и наука.

Случајот е документиран, а против директорката е поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини