ДИРЕКТОР ЗАРАБОТУВАЛ ДОДЕКА БИЛ НА ОДМОР Кривична за лице од Крива Паланка кое наплатило прекувремени додека бил отсутен

Директор на ученички дом во Крива Паланка пријавил 63 прекувремени часа додека бил на годишен одмор и заработил 23.945 денари.

83

Директор на ученички дом во Крива Паланка заработил прекувремени часови додека бил на годишен одмор, поради што против него е поднесена кривична пријава.

Според информациите од полицијата, пријавениот Б.Т.(66), како директор на Општински ученички дом „Боро Менков“, во текот на 2024 година пријавил 63 часа работа подолга од полното работно време иако во тој период користел годишен одмор.






Со тоа, како што се наведува, се стекнал со противправна имотна корист од 23.945 денари, на штета на буџетот на установата.

Кривичната пријава ја поднела Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка, поради сомнение за злоупотреба на службената положба.

Поврзани содржини