ДИРЕКТОР И СЛУЖБЕНИК ВО ДЕЛЧЕВО ГО ОШТЕТИЛЕ ЈКП „БРЕГАЛНИЦА“ ЗА 120.000 ЕВРА Се сомничат дека не пропуштале тужби за парични побарувања
Со горенаведените дејствија причинета е штета на Буџетот на ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево во вкупен износ од 7.588.894 денари, се вели во пријавата. и раководител во ЈКП „Брегалница“ Делчево за штета од над 7,5 милиони денари.
Директор и раководител во Јавното комунално претпријатие „Брегалница“, ПО Делчево заработи кривична пријава. Основното јавно обвинителство го сомничи за проневера од над 120.000 евра, односно над 7,5 милиони денари. Според пријавата која ја доставила Управата за финансиската полиција до ОЈО, С.С. три години по ред го пропуштал должниот надзор за тужби за парични побарувања, со што претпријатието било овозможено да изврши наплата.
„Првопријавениот С.С., во својство на директор на ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, во периодот од 2019 до 2023 година, со пропуштање на должниот надзор, постапил несовесно во вршењето на своите овластувања и должности, на начин што не иницирал и не дал налог за изготвување тужби за парични побарувања од физички и правни лица по основ на користени услуги, потрошена вода, подигнат смет и закуп на простории од ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, поради што настапила застареност на паричните побарувања, со што претпријатието било оневозможено да изврши нивна наплата“.
Како второпријавен се јавува М.К, раководител на Секторот за општи, правни и финансиски работи во претпријатието, кој, како што се вели во текстот, иако бил должен, не воспоставил соодветен систем на интерна контрола и редовно не доставувал предлози за поведување постапки за присилна наплата на ненаплатените побарувања до директорот на претпријатието.
„Со горенаведените дејствија причинета е штета на Буџетот на ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево во вкупен износ од 7.588.894 денари“, се вели во пријавата.
Двете осомничелни лица се сомничат за несовесно работење во службата.