ДИНО РАЃА ЗАСТАНА ВО ОДБРАНА НА ГРАШО Зошто ја жалите Даниела? Tаа си замина од него (ФОТО)
Бројни корисници на социјалните мрежи ги пофалија младенците и им посакаа среќа, но имаше и такви кои пишуваа дека им е жал за Даниела Мартиновиќ.
За хрватската венчавка помеѓу Хана Хуљиќ и Петар Грашо не престанува да се зборува.
Бројни корисници на социјалните мрежи ги пофалија младенците и им посакаа среќа, но имаше и такви кои пишуваа дека им е жал за пејачката Даниела Мартиновиќ, со која Грашо беше 24 години.
View this post on Instagram
„Најмногу ми е жал за кутрата Даниела“, напишала една следбеничка под фотографијата на која Грашо и Хана позираат со легендарниот кошаркар Дино Раѓа и неговата сопруга Викторија.
„А зошто? Таа си замина од него“, напишал Раѓа, кој инаку беше и еден од тројцата кумови на Грашо на венчавката.
„Ти и Вики сте ми 100 пати подобар пар“, гласи уште еден од коментарите на кои Раѓа одлучил да одговори.
„Супер пар се“, порачал Дино.
Да потсетиме, хрватските портали открија дека Даниела за време на венчавката на својот поранешен партнер, која се одржувала во Сплит, исто така била на венчавка, каде што ги забавувала гостите, но во Загреб.
Имено, Даниела ги забавувала гостите на свадба што се одржувала во загрепската „Еспленада“.
ФОТО: Инстаграм/Твитер