Димова и нејзин поранешен соработник останаа без пасоши, ќе мора редовно да се jавуваат во судот

967

 На поранешната директорка Лидија Димова и на Александар Гочев, поранешниот надворешен соработник во Националната агенција за европски образовни програми судот им ги одзеде патните исправи, а имаат обврска за повремено јавување во судот и забрана за вршење на одредени работни дејствија.Тие имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Ваква мерка на претпазливост на разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми, поради опасност од бегство побара обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Димова и нејзините соработници се осомничени за измама, а кривичната пријава ја поденесе финансиската полиција која тврди дека осомничените предизивкале штета од над 400 илјади евра.

 

Поврзани содржини