Со тестовите за детектирање на коронавирусот, во „Аџибадем Систина“ откриваме 7 до 8 отсто од луѓе кои имале контакт со заболен од вирусот пред три до четири недели, а тие се активни пренесувачи, вектори, и ќе имаме работа со нив, тие се кластери, рече абдоменалниот хирург Владо Димов во емисијата „Што не е јасно:“ на телевизија Алфа.
– Досега имаме направено 300 теста и веќе го согледуваме процентот на позитивни кои не ги знаеме, а веќе на 1.000 тестирани ќе имаме пореална слика – рече Димов.
Според него, поминаа повеќе од две недели кога и последниот патник од Италија дошол во Македонија, па затоа, смета тој, треба да запре пристапот при епидемиолошката анкета „дали некој се вратил од Италија“, затоа што веќе коронавирусот е меѓу нас.